Таткото на Лејди Гага откри што поклон добил за Денот на Татковците од својата керќа… Сигурно ќе се изненадите

popara24 јуни, 20201min00
lady-gaga-dad

Таткото на Лејди Гага, Џо Германота откри дека не добил многу скап и интересен подарок за Денот на таткото (кој се слави на 21 јуни во САД) од неговата позната ќерка, но и дека тоа не му пречело.

„Мојата ќерка Стефани – АКА Лејди Гага – ми испрати кутија Ореос“, рече 64-годишникот преку смеа за време на вчерашното интервју за „Fox Business“. Тој додаде дека неговата втора ќерка Натали, која живее во Њујорк го носи на долги возења велосипед“.

Германота живее во Њу Џерси, а тој му рече на водителот на шоуто Даген МекДауел дека добро се одморил, но и дека повеќе се фокусирал на повторното отворање на делот од неговиот ресторан Џоан Траторија, сместен во квартот Upper West Side во Њујорк.

View this post on Instagram

So insanely proud.

A post shared by Joe Germanotta (@joegermanotta) on

Њујорк во понеделникот влезе во втората фаза на пандемијата, што значи дека рестораните, од кои голем дел се целосно затворени со месеци, можат да се отворат доколку имаат тераси. Германотоа откри дека прво морал да го затвори својот ресторан (кој ја наведува Гага како инвеститор) на две недели, што ги искористил за чистење на просторот.

Откако доби заем од државата, Германота успеа да врати неколку свои вработени. „Некои од нив се со мене осум, девет години, па морав да се грижам за нив“.

Пред да го добие заемот, Германота рекол дека им платил на вработените од сопствен џеб. Но, во март, тој се наишол на критика откако ја отворил страница „Go Fund Me“ за својот персонал. Со оглед на финансискиот статус на неговата постара ќерка – Гага вреди околу 275 милиони американски долари – критичарите сметаат дека ваквиот потег е непотребен. Германота наскоро ја затвори страницата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma