Техника на дишење која брзо ќе ве смири во стресни ситуации!

popara8 април, 20201min00
dishenje

Во стресни ситуации паниката може многу лесно да нѐ совлада. Ова неконтролирано чувство на страв е придружено со различни физички симптоми како што се брзо чукање на срцето, недостаток на воздух, вртоглавица, гадење и уште многу други.

Паниката најбрзо и најлесно ќе ја смирите со дишењето.

Поточно, физичките симптоми честопати се резултат на фактот дека од страв едноставно забораваме да го издишиме воздухот, кој потоа се акумулира во горниот дел на респираторниот систем и се меша при дишењето.

Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето, да го вратите во нормала и да се смирите во стресна ситуација.

1. Бројте во себе до пет со бавно темпо и длабоко вдишувајте.

2. Кога ќе изброите до пет, задржете го воздухот и бројте четири.

3. Потоа полека издишете го воздухот броејки до пет.

Оваа техника се користи за смирување на паничните напади и вознемиреност, но ќе ви помогне и  во сите ситуации кога чувствувате многу напнатост и стрес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag