Работниот ден на телохранителите на познатите ѕвезди не е воопшто лесен и бара максимална концентрација и преданост.
Тие мораат секогаш да бидат “на штрек” за да можат да спречат било каков напад врз ѕвездите за кои работат. Некои од тие професионалци се буквално цело време со своите ѕвезди, а заради тоа често можеме да ги видиме и на фотографии. Еве некои телохранители на дел од светските ѕвезди.
Раперката Карди Би минатата година беше на суд, а папараците будно го следеле секој нејзин чекор. Но очите на публиката најмногу беа вперени кон нејзиниот телохранител Прајс кој има и свој профил на Инстаграм со преку 15 илјади следбеници.
Мајкл Арана е телохранител на Џастин Бибер. Тој е шеф на четворица телохранители кои се секогаш покрај популарниот пејач, а судејќи по фотографиите на Инстаграм, се чини дека тој станал добар пријател со Џастин.
44 годишниот Себастијан Јондау му бил телохранител и личен асистент на популарниот дизајнер Карл Лагерфилд. Заедно работеле 20 години, а Лагерфилд често му нудел на својот телохранител да биде модел на неговите ревии. Летото 2019 година Себастијан ја носел колекцијата пролет/лето на Лагерфилд.
Некои односи со телохранителите се поинакви од другите, а тоа го докажала Хајди Клум. Таа со својот телохранител Мартин Кирстен била во врска две години. Многумина им предвидувале брак, но тие се разделиле, а Мартин престанал да работи за неа.
Сајмон Њутон бил често во близина на убавицата Бела Хадид, а со оглед на природата на неговата работа, тој се трудел да биде во тренд. Па така, се откажал од работата како телохранител и му се посветил на фитнесот. Честопати споделува информации на Инстаграм со кого соработувал, а некои од ѕвездите се Кејт Мос и Рита Ора.
Кланот Кардашијан има повеќе телохранители, а Кајли Џенер одбрала еден од најзгодните. Внимателно одбирала кога се одлучила за Тим Чунг кој често се појавува во јавност со неа, а со оглед на неговиот изглед, на сите ни е јасно зошто.