Тие сакаат да бидат или БОГАТИ или МРТВИ

popara8 јуни, 20202min00
65865164-156782228780681-7155035101826547526-n

Lauren Greenfield, во својот нов документарец Generation Wealth, смета дека луѓето стануваат зависни од тоа да имаат што е можно повеќе пари, слава и статус. Но, истовремено губат поглед на вредноста, цената и трошоците кои доаѓаат заедно со нивните “болни” aмбиции. Lauren се прашува како “Американскиот сон” се претвори во “Американски кошмар”и го нарекува тоа “Kardashian ефект”.

Во последните неколку години, медиумите нè преплавија со разни прикази на луксузни животи и трендови. Тоа најдобро може да се забележи по примерот на одредени сапуници, кадешто млада и сиромашна девојка се вљубува во прекрасно, богато момче, чиешто богатство има сомнително потекло.

Помеѓу ваквите “сапуници” со потполно право се вбројува и ријалити шоу – то “The simple life”, со Paris Hilton во главната улога и Kim Kardashian, којашто токму преку тоа шоу стекна огромна слава, можеби поголема и од онаа што ја има денес во нејзиното ријалити шоу, “Keeping up with the Kardashians”. И едната и другата го забрзаа трендот на луксузен живот со луксузни вредности.

Се чини дека “Американскиот сон” стана една огромна илузија. Lil Magic, менаџерт на стриптиз клубот кадешто Future и Jeezy ја започнале својата хип хоп кариера, вели дека прво треба да глумите додека навистина не станете тоа што го глумите и додава дека луѓето веќе не можат да ја воочат разликата помеѓу лагата и реалноста.

  • Презентацијата на самиот себе пред светот го негира она што вие навистина сте – вели Chris Hedges во документарецот Generation Wealth.

Некои податоци покажуваат дека 75% од луѓето кои посегнуваат по пластични операции, заработуваат помалку од 50.000 долари, затоа што во “Американскиот сон” не игра улога само богатството, туку и убавината, младоста и популарноста. Она што Kim Kardashian го лансираше на почетокот од својата кариера, е тоа дека женското тело може да се искористи за стекнување слава и богатство.

Такви “телесни” проекти на коишто се одлучуваат многу жени денес, се трагичен пример за светот. Работата и целото задоволство и признание коишто произлегуваат од неа, може да бидат зависност еднаква на било која друга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag