Светлана Ражнатовиќ е многу посветена на своето семејство и често истакнува колку ужива во друштвона најмладите членови.
Не е тајна дека фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ Цеца е многу блиска со нејзината сестра, Лидија Оцокољиќ, која долго време живееше со семејството во вилата на Ражнатовиќ.
Како резултат на тоа, природно е што Цеца е многу приврзана со нејзините деца, а денес го искористи својот официјален Инстаграм профил за да им го честита роденденот. Имено, близнаците Петар и Илија денес го слават роденденот, а гордата тетка објави колаж со убави фотографии со овие малечки.
Среќен роденден, Илија и Петaр – им честиташе тета Цеца на англиски јазик.
Лидија е горда мајка на четири деца, а покрај близнаците ги има ќерката Хелена и синот Виктор.