“Tiger King” или Joe Exotic тврди дека ќе умре во рок од 2 до 3 месеци: Претседателот Доналд Трамп и понатаму “останува глув” на неговите зборови

popara10 јуни, 20201min00
Joe-Exotic

Работите стануваат прилично сериозни за Joe Exotic, контроверзниот поранешен оператор за зоолошки градини, којшто во моментов издржува затворска казна од 22 години. Тој беше обвинет за изнајмување на животни и има обвиненије за суровост над нив. Пишувајќи од својата затворска ќелија, Joe тврди дека ќе умре во рок од 2-3 месеци, доколку претседателот Donald Trump не изврши помилување.

По популарноста којашто ја доби “Тiger King”, Joe во медиумите беше претставен како контроверзна фирура. Некои негови фанови, го гледаат како ништо повеќе од обичен комичар, додека други веруваат дека тој е негативец којшто злоупотребува животни и заслужува да биде во затвор.

Но, Joe и понатаму тврди дека е невин и неправедно обвинет. Тој во неколку наврати, дури и го молеше претседателот Тrump за помилување, но тој остана глув на неговите зборови.

Во своето писмо, Joe ги увери своите фанови дека нема да издржи уште долго, доколку не добие помилување. Откако пишуваше за тоа дека неговата душа е мртва, тој напомена дека секојдневно се бори да се оддржи на она малку надеж што може да го најде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag