Марина Мамиќ собра стотици илјади обожаватели на Фејсбук со нејзините неверојатни трансформации во познати лица, а со најновата трансформација ги остави сите без здив. “Ја вежбав оваа трансформација за шминка на Џеј Ло за кампањата и не можам да верувам колку добар резултат добив. Дефинитивно треба да направам видео за ова веднаш штом ќе најдам слободно време. Што мислите, дали личам на Џенифер Лопез?” Марина ги прашала фановите, а стотици од нив одговориле во потврда.