Тирол го укинува карантинот?

popara8 април, 20201min00
тирол

Во австриската сојузна покраина Тирол е укунат карантинот кој беше воведен на 19 март заради епидемијата од коронавирус. Но и понатаму на сила остануваат мерките за огранилено движење.

“Го укинавме карантинот кој беше на сила во градовите и општините бидејќи стапката на нови случаи на зараза на дневно ниво падна под пет” изјавил премиерот на Тирол, Гунтер Платер.

Инаку Тирол важи за епицентар на ширење на коронавирусот во Австрија.

Првите случаи се откриени уште на почетокот на февруари, но првите мерки уследија дури на 9 март, поради што покраинската влада била многу критикувана во Австрија, но и во Германинја, каде е забележан голем број на пациенти кои биле на зимовање во Тирол.

На укинувањето на карантинот му следи и ублажување на мерките против ширење на заразата кое е најавено и на сојузно ниво. Австрискиот канцелар Себастијан Курц за Велигден најавил отворање на продавниците кои не продаваат секојдневни потреби.

Властите во Тирол во следните денови ќе направат интензивни тестирања во Ишгл и во зимските центри Солден, Арлберг и Св . Антон, каде мерките на карантинот се и натаму на сила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag