
Светлана Цеца Ражнатовиќ сподели видео на Инстаграм “story” so нејзините деца Вељко и Анастасија кога биле мали, а младата пејачка веднаш го сподели видеото на својот профил.

На видеото се гледа како Вељко ја бакнува и ја гушка својата сестра додека таа се гушка и се смее.

Вељко, кој не престана да тренира за време на вонредната состојба, наскоро ќе стане татко , бидејќи неговата сопруга Богдана влезе во деветтиот месец од бременоста, а тој сè уште е многу внимателен кон својата сестра.

Анастасија и Вељко си се најголема меѓусебна поддршка уште од мали, за што Цеца е многу горда.