Еден муштерија во еден ресторан во Кливленд остави бакшиш од три илјади долари откако испи едно пиво. Ова се случи во пресрет на затворањето на ресторанот поради пандемијата на корона вирус.
Според сопственикот на ресторанот Брендан Ринг, човекот влегол во ресторанот и побарал пиво што чинело седум долари.
Како што напиша на Фејсбук, гостинот му посака се најдобро и рече дека им остави бакшиш на неговите четворица работници. Кога гостинот го напушти ресторанот, Ринг сфати дека добил „дури три илјади долари“.
„Трчав по него и тој ми рече дека не е грешка и дека ќе се видиме откако повторно ќе се отвори ресторанот“, рече тој.
Ринг рече дека не сака да го каже името на мажот затоа што чувствува дека и тој не би сакал. Тој истакна дека тој и неговите работници се благодарни за ваквиот „неверојатен гест“.