Популарниот холивудски актер Том Круз пристигна во Венеција пред една недела да го снима седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, со што стана првата голема ѕвезда која можеби е изложена на коронавирус.
„The Sun“ пишува дека целиот сет на филмот е евакуиран поради безбедност, а бројот на заразени во Италија се зголемува секој час. Досега седум лица починаа од опасниот вирус во таа земја.
Ширењето на коронавирусот предизвика паника кај целиот тим на филмот „Невозможна мисија“, а се огласи и продукцијата. „Одржавме бројни состаноци, но јасно е дека постои голем ризик доколку во овој момент продолжиме со снимањето, особено затоа што има многу луѓе вклучени во сетот“, рекоа тие.
Додаваат дека станува збор за исклучително скапa продукција, но не доаѓа во предвид да се изложуваат на ризици и ќе го одложат снимањето сè додека не биде сигурна ситуацијата. Актерот Том Круз престојуваше во хотелот „Грити Палас.
Премиерата на филмот е закажана за јули 2021. година.