Том Круз се жени! По кој пат?

popara30 април, 20201min00
tom

Скиентологијата е култ и еден вид религија што се прошири кај голем број холивудски sвезди како Том Круз, Џон Траволта и Кирсти Алеи. Таа бара од своите членови да не се дружат со луѓе кои не ја поддржуваат и се многу строги во врска со тоа. Познато е дека Круз (57) повеќе не ја гледа својата 13-годишна ќерка Сури, која ја доби во бракот со 40-годишната актерка Кејти Холмс, која заради скиентологијата и одлучи да се разведе од него. Магазинот NW сега известува дека актерката Рене Зелвегер ќе и се придружи на црквата, а тоа не е без причина. Поточно, Рене Зелвегер (51) наводно е лудо за заљубена во Том и тие наскоро планираат да се венчаат.

„Таа секогаш имала симпатии за Том“, потврдил извор близок на парот, откривајќи дека наводната романса е под строга контрола на високи функционери. „Од разводот со Кејти, Скиентолошката црква се обидува да го пронајде идеалниот партнер кој би бил спремен да се придружи на нивната заедница, а Рене се покажа како идеален кандидат“, вели изворот, додавајќи дека веќе започнале првите мерки за иницијација. „Претставници на црквата веќе ја посетија во нејзиниот дом во Лос Анџелес за да ја интервјуираат и да објаснат што значи да се биде член на Скиентологијата“, открива изворот.

Да се потсетиме, парот се запознаа на сетот на филмот ‘Jerry Maguire’ уште во 1996 година, а како што е забележано во горенаведениот таблоид, нивната романса тогаш беше прекината со бракот на Том со актерката Никол Кидман. Како доказ за нивната љубов, актерката во неодамнешното интервју за „Vanity Fair“ изјави дека Том секоја година и испраќа роденденски подарок, додека му се заблагодарува за вниманието за време на говорот на наградите SAG. Како и да е, треба да се напомене дека главните актери во оваа приказна сè уште официјално не се изјасниле, поради што не е можно со сигурност да се каже колку има вистина во нив во овој момент.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag