Откако странските медиуми неодамна објавија дека најстарото биолошко дете на поранешната актерска двојка, 45-годишната Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, 14-годишната Шилох повеќе не сака да живее со својата мајка и се преселува заедно со нејзиниот татко, тоа нема да се случи. Имено, според најновите списи на магазинот New Idea, Шилох повеќе не сака да живее со својот татко или мајка, па најде нов дом.
Како неименуван извор откри за споменатите медиуми, таа е уморна од тоа да игра миротворец на сопствените родители кои дури четири години по разводот сè уште не се согласиле на старателство над нивните шест заеднички деца. Поради ова, Шилох реши да живее со нејзините баба и дедо, родители на нејзиниот татко во Спрингфилд, Мисури.
„Шилох копнее по нормален живот, а нејзините баба и дедо се добри христијани и сигурно ќе ја прифатат со отворени раце. На неа и треба силна рака во воспитувањето и тие ќе ја имаат “, рече изворот, додавајќи дека на Анџелина воопшто не и се допаѓа идејата, но дека Бред ја поддржува затоа што верува дека 14-годишната Шилох барем треба да добие шанса да ги помине летните одмори кај нејзините баба и дедо.