Мали трикови кои вредат многу.
Пред да објасниме колку е значаен третманот на кожата после тренинг, мораме да ве запознаеме со неколку факти во кои можеби нема да поверувате. Статистиката вели дека секој човек го допира своето лице по 2-3000 пати дневно. Звучи премногу? Сепак, тоа е вистина.
И сами знаете дека просториите како фитнес центрите содржат многу бактерии кои се наоѓаат на справите со кои вежбате. Тие настануваат со потењето, до кое доаѓа со порастот на температурата на телото додека вежбаме. Иако е тоа природно, важно е да поведете сметка за својата кожа и да примените адекватни третмани со кои ќе направите повеќе корист отколку штета. Правилната нега после тренинг спречува појава на акни, црвенила и други промени.
- Правило број еден, а верувајте многумина го кршат, е на тренинг никако да не се оди нашминкана. На многу форуми можете да најдете информации дека шминката всушност го штити лицето од прашината кој се ствара со вежбање. Тоа е неточно. Колку и да брзате потрудете се пред тренинг темелно да го исчистите лицето и да му пружите адекватна нега.
- Правилото број два подразбира обавезно замивање после тренинг. Водата го лади лицето , спречува црвенило и прилично му годи на лицето и кожата се опоравува. Важно е лицето да не го триете со пешкирот туку нежно да тапкате.
- Трето правило е својата кожа да ја третирате со мицеларна вода со блага содржина. Не користете производи кои многу пенат. Она што мицеларната вода ја издвојува од регуларните препарати за чистење е тоа што молекулите на детергентот во нив се здружуваат со молекулите на мицелот и стануваат многу поблаги. Постојат и гелови за туширање кои ја ладат кожата и тие се наменете за туширање после тренинг.