Три недели по апсењето поради обвинение за сексуално злоставување, cветски познатиот диџеј Ерик Морило почина

popara2 септември, 20201min0
dj

Светски познатиот диџеј Ерик Морило кој беше уапсен под обвинение за сексуално вознемирување на почетокот на август годинава почина на 49-годишна возраст, пренесува dailymail.co.uk.

Тој беше пронајден мртов во неговата куќа во Мајами Бич во вторникот наутро, потврди полицијата.

Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни и истрагата сè уште трае.

Меѓународно познатата sвезда на електронска музика, творец на хаус хитот „I Like To Move It“ од 1993 година, беше уапсен во Мајами Бич за сексуален напад врз жена, откако тестот за силување се покажал позитивен на неговата ДНК.

Според извештајот од страна на полицискиот оддел во Мајами Бич, тужителката отишла во куќата на Морил со друга жена по неговото појавување во декември минатата година.

Светски познатиот диџеј тогаш жестоко ги отфрли сите обвинувања за сексуално вознемирување и силување.

„Апсењето на г. Морило се заснова на инцидент што се случи на 7 декември 2019 година и оттогаш целосно соработуваше со полицијата“, изјави тогаш адвокатот на Морил за медиумите.

Неговите ремикси вклучија хитови од голем број sвезди, а тој исто така е сопственик на легендарната издавачка куќа Subliminal Records.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma