Трик кој ќе ви помогне да заспиете за пет минути!

popara6 април, 20201min00
несоница

Извадокот во продолжение е преземен од книга на британскиот автор и научник Метју Вокер, а гласи вака: ”Научниците откриле нов, револуционерен третман со кој ќе живеете подолго. Ја подобрува меморијата, ве прави попривлечни. Поради овој третман ќе бидете слаби, бидејќи ја намалува желбата за јадење

Штити од рак и од деменција. Ве чува од настинка и грип. Го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари, како и ризикот од дијабетес. Дури и ќе се чувствувате посреќни, помалку депресивно и анксиозно. Дали сте заинтересирани? ”

Револуционерниот третман за кој зборува е спиењето, а начинот на кој авторот зборува за него може да ве поттикне дополнително да размислите за добар, квалитетен сон.

За жал, моменталната ситуација е таква каква што е- тешко можеме да оствариме квалитетен сон. Кај многумина сонот е нарушен поради неизвесноста околу коронавирусот. Ќе се согласиме дека се наоѓаме во состојба во која е многу тешко да “фатиме” седум или осум часа квалитетн сон. Многумина сега се борат со несоница многу повеќе отколку претходно.

Трик кој може да помогне

Британска експертка за спиење и несоници Кетрин Пинкам одлучила да сподели трик кој ќе ви помогне да заспиете полесно во новонастанатата ситуација.

Таа тврди дека најдобра работа која можете да ја направите доколку не можете да заспиете е да ја напуштите собата.

“Станете и седнете во дневната соба. Промена на околината и одвојување од самите себе од соба во која не можете да заспиете ќе направи чуда. По пет минути вратете се и ќе можете да заспиете”. Можеби овој трик нема да успее кај секој кој се бори со несоница, но вреди да се проба.

Подготовки за спиење

Напуштањето на собата не е единствената работа која може да ви помогне да заспиете.

Меѓу клучните работи е и подготовката за спиење. Пред да ја ставите главата на перница обидете се да се смирите и опуштите. Тоа вклучува ограничување на времето кое ќе го поминете пред екранот.

Докажано е дека користењето на телефини, таблети, телевизори и други електронски уреди пред спиење го одложува внатрешниот часовник на нашето тело, го спречува ослободувањето на хормоните кои се создаваат во спиење и го отежнува заспивањето. Затоа, пред да одите во кревет, “исклучете струја”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag