Кристин Кркач е сопственик на компанија за просторно планирање „OCD“. Таа неодамна сподели еден организациски совет за кој вели дека заштедува време и пари. Кркач напиша на блогот „Кидспот“ дека лепењето етикети и обележувањето на работите помага да се задржи просторот уреден затоа што точно знаете што имате во секое време, и што можеби ви недостасува.
Кога станува збор за храна и други производи – како што се лекови и козметика – Кркач сугерира обоени етикети, кои ќе ви помогнат да запомните дека производот мора да се користи, како и колку долго треба да се користи или исфрли.
Таа, исто така, советува да лепите различни етикети на храна што е во пластични или стаклени садови во фрижидер, така што етикетата да ве потсети дека е рокот наскоро и истекува, да знаете кога да го потрошите и да не купувате нови додека не снема залиха.
„Лично, ставам налепници на сè и ми помага да се организирам“, вели Кркач, која советува „поинаква боја налепници за секоја година“. Така, ако на пример за 2020 користите жолта боја, следната година кога ќе ја промените бојата, знаете дека прво треба да се конзумираат производи со жолта етикета.