Трикови за чистење кои секоја домаќинка треба да ги знае!

popara11 мај, 20201min00
cistewe

Постојат неколку трикови кои ќе ви го скратат процесот на чистење и со нив ќе заштедите и време и нерви.

1. Отстранете ги дамките од плочата на пеглата за миг

Се што ви е потребно е една таблета аспирин. Постапката е едноставна. Загрејте ја пеглата и со аспирин поминете ги дамките. Тие ќе исчезнат во истиот момент. Потоа пребришете ја плочата со крпа.

2. Лукот да трае подолго

Лукот е главна состојка во секое јадење, но брзо знае да се расипе. Во една чинија ставете морска сол, а потоа и лукот. На тој начин подолго ќе трае.

3. Наострете ги ножевите брзо

Земете порцеланска чинија, завртете ја наопаку, а испакнатиот раб од чинијата може да ви послужи за острење ножеви. Не плашете се, нема да го оштетите порцеланот.

4. Лек против инсекти и мравки

Во сад со шеќер ставете еден ловоров лист и гледајте како инсектите си заминуваат.

5. Како зеленчукот да остане подолго време свеж

Во пластичен сад каде што обично го чувате овошјето ставете хартиен бришач. Тој ќе ја собере сета влага и зеленчукот ќе остане свеж подолго време.

6. Отворете тегла за миг

Со помош на гумени ракавици најлесно ќе го отворите и најцврсто стегнатото капаче на тегла.

7. Постои решение за пресолената супа

Во пресоленото тенџере со супа ставете еден излупен компир или јаболко. Тие ќе ја соберат непотребната количина на сол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag