Бремената Софи Тарнер одлучи да се преоблекува на сред улицa!

popara30 мај, 20202min00
imageedit_2_7578740255

Трудната 24-годишна глумица Софи Тарнер, била фотографирана на прошетка во Санта Барбара во Калифорнија, со сопругот Џо Џонас и нивниот златен ретривер.

Ова е првиот пат глумицата на „Игра на тронови“ да го покаже трудничкиот стомак откако имаше шпекулации дека е бремена.

Брачниот пар се шетал на улица, и пред да го облече големиот дуксер на улица, папараци го фатиле моментот каде што маичката и го открила трудничкиот стомак. На нивната прошетка, Тарнер и Џонас секако носеле и маски, со оглед на пандемијата со коронавирусот, како и тоа што тие претходно веќе апелирале дека луѓето треба да се самоизолираат.

Тарнер и 30-годишниот Џонас се во брак од претходниот мај. Тие сеуште ја немаат потврдено сами бременоста на Софи, но нејзиниот стомак дефинитивно го направи тоа за нив.

Претходно овој месец, Џонас и неговата сопруга разговараа за карантинот за време на нивното интервју на емисијата “The Morning Mash up”. Тие велат дека се во добро расположение, а како свежо венчан пар, се нови во тоа и уживаат во времето заедно, особено по долгите турнеи поминати одвоено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag