Турското кафе и еспресо го зголемуваат холестеролот и предизвикуваат срцев удар, а експертите препорачуваат: „Држете се до филтер кафето“

popara24 април, 20201min00
filter kafe

Kако што покажаа досегашните истражувања, кофеинот не е добар само за здравјето, кафето дури може и да го продолжи животот ако го подготвите со филтер, се вели во студијата објавена во European Journal of Preventive Cardiology.

 „Нефилтрираното кафе содржи супстанции кои го зголемуваат холестеролот во крвта. Со употреба на филтри, се елиминира веројатноста за појава на срцев удар и предвремена смрт “, вели авторот на истражувањето, Даг Тел од шведскиот универзитет во Гетеборг.

„Нашата студија дава силни и убедливи докази за поврзаноста помеѓу методите за подготовка на кафе, срцев удар и долговечност“, изјави Тел за CNN.

Ова е лоша вест за љубителите на силното турско кафе или еспресо. Кафе подготвено на шпорет или од кафемат може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Нефилтрираното турско кафе што врие, или од кафемат, содржи поголеми концентрации на кофеин и кавеола, соединенијата кои се наоѓаат во капките со масло, кои се на површината на кафето и во талогот “, вели нутриционистот Лиза Драјер.

„Студиите покажаа дека овие супстанци можат да ги зголемат триглицеридите и ЛДЛ холестеролот“, вели Драјер. „Држете се до филтер кафето, бидејќи филтер-хартијата може да ги задржи овие супстанци“.

Новата студија следи околу половина милион здрави Норвежани на возраст меѓу 20 и 79 години повеќе од 20 години. Резултатите покажуваат дека консумацијата на кафе што зоврило или е од кафемат, го зголемува ризикот од смрт кај мажи над 60 години, бидејќи ја зголемува кардиоваскуларната смртност.

Утврдено е дека пиењето филтер кафе е поздраво отколку да не се консумира кафе воопшто. Филтер кафето беше поврзано со 15% намалување на ризикот од смрт, 12% намалување на ризикот од кардиоваскуларна смрт кај мажите и 20% помал ризик од смрт од срцеви заболувања кај жени, отколку кај оние кои воопшто не пиеле кафе.

Студијата покажа дека оние кои пиеле една до четири шолји филтрирано кафе на ден имаат најниска стапка на смртност.

Овој наод продолжува на претходните истражувања кои ги покажаа здравствените придобивки од кафето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag