Уникатен трик за стилизирање на панталони и сандали!

popara10 јуни, 20202min00
imageedit_211_2042640609

Доколку сакате да бидете тренди како популарните Инстаграм девојки и да оставите впечаток, дефинитивно послушајте го овој стилски совет.

Овој тренд започна на есен. Иако не е стилска новост, сандалите со каиши околу зглобот со кои ќе ги врзете ногавиците одеднаш станаа водечки моден трик за стилизирање на широки панталони.

Носењето на „oversized“ женски одела е актуелно веќе неколку сезони по ред, а на овој начин тој тренд се освежи малку, преку овој интересен детал.

Врзувањето на сандалите преку панталоните е модно впечатливо, го врти вниманието на вас и покажува дека имате поразличен стил од другите. Испробајте го овој совет, бидејќи може да ви даде сосема нов изглед на вашиот секојдневен аутфит..

Длабоките панталони со опуштени ногавици можете да ги стилизирате на овој начин. На ова додадете кратка маичка – топ, кој е актуелен оваа сезона и преку модните додатоци како тенки ланчиња и впечатливи обетки заокружете ја оваа модна приказна.

Доколку изберете едноставен изглед како комбинирање на панталони со едноставна памучна маица, обидете се да ги врзете сандалите со каиши врз ногавиците и ќе видите како преку овој мал трик вашиот изглед ќе стане впечатлив и атрактивен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag