Ако седите премногу во текот на денот и вежбате два до три пати неделно, вежбањето нема да ви помогне. Обидете се да се активирате што е можно повеќе. Секако, не треба да претерувате ниту со храната по тренингот.
Секогаш ги правите истите вежби
Ако вежбате редовно, а немате видливи резултати, можеби грешите при изборот на вежби, тврдат фитнес експертите. Постојаното повторување на истите вежби не е добро за фигурата затоа што телото постепено се навикнува на тие вежби и вежбите не му претставуваат напор, па килограмите нема да се топат. Затоа, треба да се применуваат комбинирани вежби како што се вежбите за сила и вежбите за флексибилност.
По тренингот претерувате со храната
Претерување со храна е честа грешка по гренингот. Доколку сакате да ослабете, треба да внесувате помалку калории од вообичаено. Мастите ги прекриваат мускулите па тие не можат да дојдат до израз. Исто така треба да пазите што јадете зашто луѓето честопати во дневниот внес на калории не го сметаат и она што го изеле “од нога”.
Малку спиете
Недоволното количество на сон и стресот неповолно влијаат на организмот, па телото не може да ги прими сите позитивни влијанија од вежбањето. Сонот е неопходен за заздравување на мускулите по вежбањето, додека стресот може да го поремети работењето на хормоните и да го натера телото да таложи масти.
Вежбате, но многу седите
Седечкиот начин на живот лошо влијае на здравјето, но и на фигурата. Вежбањето неколку пати неделно не може да го намали тој ефект, па во работниот ден се препорачува да правите вежби на столица, да користите скали наместо лифт и на секој час малку да прошетате.
Високо сте ги поставиле границите
За да постигнете добра форма треба да си поставите реални цели бидејќи доколку тие се превисоки ќе ви предизвикаат само фрустрации. Заради тоа луѓето лесно се демотивираат и престануваат да вежбаат. Слично влијание имаат и кај оние кои се фокусираат само на одредени проблематични области од телото кои сакаат да ги средат, па не ги гледаат позитивните ефекти од вежбањето врз целокупното здравје.