Џилијан Мејпс направи преглед на осмиот студиски албум на Тејлор Свифт и иако таа и даде позитивни критики, фановите не беа задоволни, а само неколку часа откако беше објавен прегледот на социјалните медиуми, тие го објавија нејзиниот приватен телефонски број, адреса, фотографии па дури почнаа и да ѝ се закануваат со смрт.
Посесивните обожаватели кои мислат дека оценката „8 од 10“ ѕвезди не е доволно добра, се заканија дека ќе ѝ ја запалат куќата каде што живее, велат дека е грда, зла, комплексна жена која, како што велат, не потрудила доволно за да ги разбере сите скриени пораки на албумот.
Мејпс, исто така, пријавила во полиција дека добила вознемирувачки повици во текот на ноќта и дека фановите на Тејлор Свифт рекле дека „никогаш повеќе нема да може да спие мирно“.
„Добив многу пораки и е-пошта во кои зборуваат за мене како сум злобна, масна жена која е љубоморна на Тејлор Свифт. Тие напишаа дека треба да умрам. Ова не е првпат да добивам пораки како оваа, но мислам дека е навистина премногу, особено затоа што го пофалив нејзиниот нов албум “, рече Мејпс.
После сето тоа, Мејпс ги заклучи своите профили на социјалните мрежи.