Уште една Џенифер му се “пушти” на поранешен сопруг на Џенифер Анистон

popara9 јуни, 20201min00
jen

Врските на миленичката на публиката ширум светот,Џенифер Анистон , се најдоа под лупата на јавноста уште од моментот кога таа влезе во актерскиот свет. Бракот со актерот Бред Пит, но и бракот со Џастин Терукс со години ги пополнуваше колумните на медиуми, а сега на целата приказна и се придружи друга актерка. Дека Џенифер има добро око за мажи, се чини дека и е познато и на нејзината колешка и истоименичка, Џенифер Конели, која според американските натписи на таблоид, тајно се гледа со нејзниот поранешен сопруг Џастин Терукс.

Пишувањето за оваа врска започна уште пред една година кога магазинот Стар објави бомбастична приказна за тоа како, инаку веќе мажената, Џенифер Конели има афера со Џастин. Двојката беше забележана уште минатата година и, според сведоците, не криела дека меѓу нив има повеќе од пријателство.

Патем, и Џастин и Џенифер се заштитно лицe на марката Луј Витон и се чинеше дека се многу блиски на неколку настани. Како и да е, според друг портал – Госип Коп, портпаролите на актерите жестоко ги негираа овие обвинувања, велејќи дека меѓу нив немало флерт и дека тоа биле ноторни гласини.

„Таблоидите се обидуваат да ја продадат приказната дека мажите и жените не можат да бидат платонски пријатели и тоа е навистина неприфатливо“, рекоа тие. Но, гласините со ова не престанаа. Покрај тоа, тие се уште погласни, а главниот аргумент е дека тие погледнале назад во целата ситуација и се чини дека се обидуваат да сокријат нешто.

Љубовниот живот на  поранешен сопруг на Џенифер Анистон, како што пишуваат таблоидите, беше уште повеќе комплициран пред неколку месеци кога започна да поминува повеќе време со Кејти Холмс. Повторно, портпаролите дадоа се од себе да го побијат тоа, исто така, велејќи дека Кејти и Џастин воопшто не се познаваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag