Вака изгледа совршен појадок: Здрав и хранлив тост сендвич

popara7 септември, 20202min0
227329_shutterstock-1049283944_ls


Тостот е еден од најбрзите оброци што можете да го направите, а ако го подготвите со некоја од вашите омилени јадења, може многу лесно да стане омилен оброк во текот на денот. Еве ги 4-те највкусни начини на кои можете да направите тост додека го пиете првото утринско кафе.

Неодамна целиот свет полуде по овој тост и одеднаш се појави на менито на бројни локални кафетерии, како еден од најбараните оброци. За да бидете сигурни дека внесувате здраво, вкусно и чисто авокадо, најдобро е да го одгледувате во домот.

Сите намази (или гвакамоле) што можете да ги најдете во продавниците обично имаат многу непожелни состојки, па најдобра опција е да го изгмечите авокадото и да го зачините со лимон и бибер.

View this post on Instagram

SIMPLY THE BEST 🧡

A post shared by Ekaterina Tarposhyan (@readmyred) on


Бадем или путер од кикирики на обичен тост може да ви стане омилен појадок ако го комбинирате со мед и овошје. Ако сте љубител на сладок појадок, доволно е да исечете јагоди или јаболка над крем од кикирики или путер од бадем, а потоа да ги прелиете со мед. Овошјето ќе им даде посладок вкус, без да внесува непотребен шеќер. За да додадете влакна, можете да додадете семе од чиа или семки од сончоглед.

Листовите од кокос се едни од омилените додатоци на овесната каша, а во комбинација со путер од сончоглед се создава вистинска рапсодија на вкус. Иако е помалку популарен од путерот од бадем или кикирики, путерот од сончоглед е исто толку вкусен, а во оваа комбинација ќе ве воодушеви. Вкусот на кокосот е уникатен и му дава егзотична нота на јадењето. Ако сакате посладок оброк, додадете боровинки или малини, а бананите можат да бидат одлична комбинација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag