Ѕвездата од филмот “Сината лагуна”, актерката Брук Шилдс ја покажала извајаната фигура додека ужива на плажа. 54 годишната актерка ја истакнала својата линија во неонски портокалов костим за капење, а во описот на фотографијата ги повикала сите да се активираат со вежбање од дома.
Шилдс се прослави со филмот “Сината лагуна”, која овие денови ке прослави 40 роденден од првото прикаживање. Актерката тогаш имала само 15 години кога го играше ликот на природната убавица која пораснала на пустиот остров. Таа го воодушеви светот кога во филмот се појави целосно гола.
Не била ни полнолетна додека ги снимала секси сцените, а пред десетина година ги изненади обожавателите со изјавата дека била невина до својата 22 година.