Влезе во светот на славните на голема врата, а на кого ве потсетува – на мајка ѝ или татко ѝ?
Американската актерска двојка Чарли Шин и Дениз Ричардс за време на бракот ги добија ќерките Сем и Лола, а постарата реши да ги следи стапките на славните родители!
Сем, или, како што се испостави, Семи Шин, влезе на голема врата во светот на славните, снимајќи ја првата модна кампања. Ширум Светот пристигнуваат коментари дека таа е вистинска убавица, како и дека нема сомнеж дека ѝ претстои успешна кариера.
Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што нејзината мајка Дениз важеше и за една од најубавите актерки, а таа не сакаше да ѝ дозволи на својата ќерка да влезе во водите на моделот сѐ додека не наполни 16 години.
Што се однесува до односот на Семи со Чарли, тој беше доста проблематичен поради природата на животот на славниот актер, но тој, според сопственото признание, се обидува да одржи блиски односи со сите свои пет деца.