Ванеса Брајант го прослави роденденот на најмалата ќерка, Капри и истото го сподели на социјалните мрежи.
- “Ми се крши срцето секој пат кога ќе го видам ова прекрасно семејство. Љубовта може да се почуствува преку секоја фотографија”
- “Тој никогаш нема да може да го прослави роденденот со својата ќерка. Премногу тажно..
- “Моето срце се крши на самата помисла дека таа никогаш нема да го запознае својот татко…Но, сигурно ќе знае кој бил тој” – се само дел од коментарите под фотографијата на Ванеса.
Вистината е дека и таа успеа да продолжи понатаму, водејќи сметка за животите на своите најблиски – навистина моќна жена.
Исто така, Ванеса направи и тетоважа во чест на прерано починатиот сопруг, Коби Брајант, a видеото од правењето на новата тетоважа може да го погледнете на нејзиниот Инстаграм профил.