Вашето име и презиме открива дали сте предодредени за богатство!

popara3 септември, 20202min0
363201_pexels

Претворете ги буквите во броеви и откријте што ве очекува.
Дали знаете дека вашето име и презиме може да го одреди вашиот животен пат? Можеби тоа е причината за малата заработка. Од секоја буква произлегува број, и кога ќе ги соберете, ќе добиете едноцифрен број и дознајте што ве чека.

1 – А, Ф, Н, В
2 – Б, Г, Њ, З
3 – Ц, Х, O, Ж
4 – Ч, И, П
5 – Ѓ, Ј Р, Ќ
6 – Д, К, С
7 – Џ, Л, Ш
8 – Ѕ, Љ, Т
9 – Е, М, У

На пример: Јована

5 + 3 + 1 + 1 + 1 + 1 = 12
1 + 2 = 3

Еден

Број еден има тенденција да биде секогаш прв. Овие луѓе се обидуваат да ја завршат својата работа совршено затоа што знаат дека сопствената самодоверба зависи од тоа. Тие никогаш не се потпираат на другите и не сметаат на туѓа помош. Тие се повеќе заинтересирани за работата, отколку за стекнување капитал.

Два

Тие секогаш имаат партнери со нив кои им помагаат да дојдат до пари. Нивниот партнер обично ги поддржува, вработува или им обезбедува услови за да можат да ги реализираат своите деловни потенцијали. Потенцијалот на „двојки“ е најизразен кога работат во група или тим.

Три

Овие луѓе, можеби најмногу сакаат пари, но многу тешко доаѓаат до нив. Меѓутоа, ако успеат да ја поврзат сопствената деловна активност со забава, тогаш нема да им недостасуваат ниту пари. Главната карактеристика е нивната креативност и подготвеност за работа.

Четири

Луѓето со овој број не доаѓаат до ништо лесно и секогаш треба да работат напорно. Тие исто така мораат да вложат неверојатни напори за секој свој успех, како и да се откажат од забавата заради работата. Често ќе ги слушнете како одбиваат работни места што ги сакаат, сето тоа поради подобро платени работни мести.

Пет

Овие личности се лежерни и нивната најголема заработка ги чека на патувањата или во странство. „Петките“ се многу прилагодливи луѓе кои имаат добра интуиција. Тие исто така имаат способност која им помага да не трошат пари таму каде што ги трошат сите други.

Шест

На овие луѓе им требаат луѓе кои се истомисленици и со кои ќе се поврзат. „Шестките“ најголемиот успех го постигнуваат преку семејниот бизнис. Ако не успеат да најдат вработување во блискиот круг на луѓе, тие можат да го поминат целиот свој живот во сиромаштија.

Седум

„Седумките“ најмногу сакаат кога ги откриваат туѓите тајни, затоа што тоа им оди лесно, и можат да заработат солидни пари. Тие се во состојба да жртвуваат пари само за да ги извршат оние работи што ги сакаат и во кои веруваат. Ако нивната судбина е таква што не треба да се грижат за финансиите, тие целосно ќе уживаат во тоа.

Осум

Најважно за „осумките“ е да бидат добро платени за она што го прават. Тие не само што се способни да заработат пари, туку се и способни да ги удвојат. Една од нивните главни карактеристики е што тие знаат во што да инвестираат, па парите се множат сами по себе.

Девет

„Деветките“ бараат работни места кои ќе им донесат брз, лесен и голем профит. Нивната главна одлика е нетрпеливоста и тоа им е голема пречка во работата и заработката. „Деветките“ ако сфатат дека трудот не мора секогаш да се исплати од прва, ќе имаат голема шанса да се збогатат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag