Кога е во прашање астрологијата оваа недела ќе помине во знакот на промените.
Во понеделник месечината е во знакот Рак и прават тријаголник со Уран, планетата на промените и ослободувањето. Првиот ден од неделава има моќен аспект помеѓу Марс и Уран кој ни дава подршка за промена, слобода и пробување нешто ново. Потребно е да се излезе од комфорт зоната и да се премине на акција. Многу е важно овој ден да бидете отворени за нешто ново. Дозволете им на луѓето да ви го покажат патот по кој треба да тргнете. Вербата на овој ден е пресудна, па верувајте и на својата внатрешна интуиција кој е најправилниот пат за вас. Како ќе дознаете што е најдобро за вас? Така что ситуациите ќе се одвиваат полека и без дополнителен напор и форсирање. Овој ден искористете го за они промени кои сте сакале да ги направите одамна.
Во вторник внимавајте на енергијата која може да експлодира. Особено внимавајте во домот, со фамилијата и према најблиските во однос на енергијата. Овој ден ќе бидете осетливи и емотивни, а внимавајте и на стомакот односно на исхраната но и на емоциите.
Среда е ден кога ќе ви биде динамичен, полн со комуникација и сообраќај. Обидете се овој ден нивото на стрес да го намалите на минимум, а тоа можете да го направите со тоа што овој ден нема да правите планови и договори, бидејќи се што ќе планирате може да дојде до негативен исход. Егото е изразено овој ден и поради тоа внимавајте на комуникацијата со други луѓе што може да доведе до наметнување на туѓи ставови и мислења, дали на вас или вие да ѓи давате. Со оглед на тоа дека Меркур е на последниот степен на знакот Близнаци можно е да дојде до прекинување на соработката или односот со некого.
Во четврток имате убава енергија која може да ја искористите со парнерот, разубавување, излегувања или да бидете креативни. Во четврток навечер Меркур го менува својот знак и блага во Рак што значи дека ова особено ќе го осетат оние кои се во подзнак Близнаци или Девица, како и оние чии планети се во овој знак. Ова промена ќе ви донесе мисли, разговори и одлуку во прашање на куќата, фамилијата, приватниот бизнис, недвижностите и имот.
Во петок Месечината влага во знакот на Девица па предпладнето искористете го за уживање, хедонизам и разубавување, а попладнето посветете се на работата и здравјето. Овој дел од денот е добар за практичнни прашања и важни одговори и планови кои сакате да ги реализирате. Овој ден е само за донесување одлуки.
Сабота ќе ја поминете во расчистување на плакарите, канцелариајта или просторот во кој живеете, како и на средување на непотребни и административни работи. Водржете се од коментари и критики бидејќи многу лесно ќе западнете во конфликти и несогласувања. Дозволете им на другите да имаат ставови различни од вашите.
Недела е ден во кој уметноста да ги кажете вистинските зборови ќе има најголема моќ. Ситниците ќе ви идат на нерви, а барањето од страна на другите да превземете одговорност може да е неблагодарна работа. Затоа фокусирајте се на обврските и работата, а енергијата насочете ја во средување на документи, прегледување на маилови, читање и пишување. Вечерта искористете ја за партнерот и заеднички долгорочни планови.