Наместо да се оперираат, поголемиот број спортски ѕвезди прават третмани со матични клетки за да заздрават брзо од повредите!
Се вели дека за ваков третман кој вообичаено чини од 4000- 15 000 фунти се одлучиле и Кристијано Роналдо и Рафаел Надал, откако и Мајк Тајсон јавно се пофали дека го применил.
Болести кои успешно можат да се лечат со овој тип на третмани се воспаление на тетивите, истегнување на мускули, артритис, дегенеративна болест на рбетниот столб и тн.
Во зависност од тоа која област е повредена, таму се вбризгуваат матичните клетки, а тие се добиваат од папочната врвка на новороденче.
Третманот му помага на телото да се опорави брзо и да се избегне операција.
Роналдо го применил овој третман во 2016 година кога имал проблем со тетивите на колената.
Надал пак има хронични проблеми со колената и во еден период морал да се повлече од теренот дури седум месеци.
Но со помош на матичните клетки рскавицата му се поправила, коленото не му правело никаков проблем, станал мобилен како и претходно, а наводно со помош на терапијата го решил и проблемот со грбот.