Вдовицата на Шон Конери ги откри последните моменти од животот на големиот актер, се збогуваше од него со емотивна посветa

popara1 ноември, 20201min0
Screenshot_2

Шон Конери и Мишелин Рокебрун се во брак 45 години, а уметничката по смртта откри како ги поминал последните мигови од животот.

Легендарниот Шон Конери и уметничката Мишелин Рокебрун се во брак 45 години, а вдовицата на актерот му оддаде почит со силни зборови по неговата смрт и откри како ги поминал последните мигови од животот.

“Тоа не беше живот за него. Последните неколку дена тој дури и не можеше да се изрази правилно затоа што страдаше од деменција. Почина мирно, во сон, и најважно од сè е фактот дека тој го сакаше тоа”, рече Мишелин. Daily Mail пренесува дека таа истакнала и дека тој заминал без премногу помпа.

“Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек што другите можеа да го имитираат. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, јас сум свесна дека не може да траеме вечно”, рече Мишелин. Шон Конери почина на 91 година во својот дом на Бахамите.

Бројни актери, политичари и познати личности се простија од славниот Џејмс Бонд во саботата и сите се согласуваат дека тој бил еден од најлегендарните актери што Светот ги видел. „Јас се викам Бонд, Џејмс Бонд“, е реченица што филмската индустрија ќе ја памети засекогаш и со тоа Конери ја обележа историјата на филмот.

Конери е добитник на бројни награди за време на завидната кариера, вклучувајќи Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси. Тој беше светски познат по улогата на Џејмс Бонд, а магазинот „People“ постојано го прогласуваше за „најсекси маж на Светот“ и „најсекси маж на векот“. Тој стана витез во 2000 година благодарение на неговата брилијантна кариера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma