Вечера на малку ПОИНАКОВ начин: Печени тиквички полнети со јајца, сланина и компири (РЕЦЕПТ + ВИДЕО)
Подгответе нешто ново
Најчесто ги подготвувате истите, докажани рецепти за вечера?
Време е да излезете од зоната на удобност и да започнете да експериментирате со вашите кулинарски вештини во кујната.
Пробајте го овој едноставен, интересен и пред се, вкусен рецепт за печени тиквички, полнети со сланина, компири и јајца.
Вие нема да зажалите!
Набавете ги сите потребни состојки и уживајте во вечера што ќе ве воодушеви.
Состојки:
4 големи тиквички
1 главица кромид
1 компир
8 јајца
200гр моцарела
Масло
Сол и бибер
Подготовка:
Исечете ја секоја тиквичка на половина и извадете ја внатрешноста со лажица. Кромидот и компирот ситно исецкајте ги, па испржете ги на масло. Потоа исечете ја сланината на што е можно помали парчиња и додадете ја во тавата, со малку сол и бибер.
Кога ќе измешате сè, наполнете ја секоја половина од тиквичките со оваа смеса. Истурете по две јајца, а потоа изрендајте моцарела и ставете малку на секоја тиквичка. Печете во рерна на 180 степени, околу 30 минути.
Пријатно!