Вечерата после 18 часот е предмет на дебата со години. Додека некои тврдат дека времето на последниот оброк во денот нема влијание врз вашата тежина, други се убедени во спротивното. Се проценува дека повеќе од 2,1 милијарди возрасни во светот имаат прекумерна тежина, зголемувајќи го ризикот од дијабетес и висок крвен притисок. Исто така, некои претходни студии укажуваат дека конзумирањето храна подоцна во текот на денот е поврзано со дебелината и метаболичкиот синдром.
Авторот на новата студија, д-р Џонатан Јун, од Медицинскиот факултет „Џон Хопкинс“, изјави: „Оваа студија фрла ново светло за тоа како конзумирањето храна доцна навечер ја влошува толеранцијата на глукоза и ја намалува количината на согорени масти“.
Имено, истражувачите проучиле 20 здрави доброволци – 10 мажи и 10 жени – за да видат како ја варат вечерата што ја јаделе во 10 часот, во споредба со вечерата што ја јаделе во 18 часот. Сите волонтери отидоа на спиење во 11 часот.
Истражувачите откриле дека нивото на шеќер во крвта е повисоко, а количината на преработена маст е помала после подоцнежната вечера, дури и ако јаделе идентичен оброк.
„Во просек, највисокото ниво на глукоза после доцната вечера, беше за околу 18 проценти повисоко, а количината на согорена маст во текот на ноќта се намали за околу десет проценти во однос на резултатите по конзумирање храна порано“, изјави другиот автор на студијата, д-р Ченџуан Гу, исто така од Медицинскиот факултет, “Џон Хопкинс.”