Близнаците што актерот ги доби со сопругата Амал Клуни растат далеку од камерите и очите на јавноста, па фановите на Клуни се воодушевени од секоја ретка можност да го видат во улогата на татко.
Тригодишните близнаци Александар и Ела Клуни живеат живот сличен на оној што го живеат другите нивни врсници, а бидејќи нивните родители се обидуваат да им обезбедат што е можно поголема приватност, ние често немаме можност да ги видиме.
Затоа е вистинска чест за фановите , особено, навивачите на Џорџ Клуни да го видат во прегратка со своите деца, таа можност ја добија вчера, кога папараците го видоа славниот актер додека го носеше својот син на офталмолог. Според американските медиуми, Џорџ имал бандана над лицето и носел грицки и пијалоци за својот син.
Бидејќи не го гледаме, многумина се интересираа на кого Александар повеќе личи, и бидејќи мора да му го цензурираме лицето заради безбедносни причини, ќе мора да ни верувате, ТОЈ Е ИСТ КАКО ТАТКО МУ!