Разделбата од неговата сопруга и новородениот син беше тешка за боксерот – тој постојано разговара со Богдана, а преку телефон му пее приспивни до Жељко!
Откако дознаа дека се позитивни за вирусот корона, Вељко Ражнатовиќ и Цеца се во изолација во Дедиње, додека сопругата на боксерот Богдана и нивниот новороден син Жељко се на нејзиниот имот во Тител, и не се заразени.
Новопечениот татко е во постојан контакт со неговата сопруга и е неизмерно тажен, тој преку телефон му пее приспивни песни на својот син.
“Никој не можеше да претпостави дека разделбата од неговиот син ќе го погоди толку тешко. Иако остануваат уште десетина дена до крајот на изолацијата, ако двата теста покажат дека тој е негативен, тој не може да издржи ден без Жељко! Тешко е за него да не може да биде со семејството, па дури ни Цеца не успева да го смири и да го утеши“, изјави извор близок на семејството Ражнатовиќ.
И покрај фактот дека тој ја прифати ситуацијата дека е позитивен на корона вирусот, фактот дека ќе мора да се одвои од бебето, неколку дена по неговото раѓање, му падна многу потешко. Постојано зборува за тоа како му недостасува мирисот, изгледот и топлината на Жељко, и би дал се само за да може да го види на секунда.
Вељко и Цеца постојано ја прашуваат Богдана што прави бебето.
„Тие му пеат приспивни песни, разговараат со него … Не можете да замислите каков е Вељко како татко“, рече близок пријател.