Ким Кардашијан повторно го прекрши ветување кое го донесе самата минатата година кога изјави дека нема да постира голи или полуголи фотографии на социјалните мрежи.
На Instagram таа ја претстави својата нова линија од брендот Skims, а ги покажа и своите графи во ново светло. Бројните фанови коментирале дека покажала и нешто повеќе отколку што требало, но славната реалити ѕвезда не обрна многу внимание на овие коментари.
„Сама ја направив оваа фотографија“ – напишала во описот на оваа колашна фотографија на која позира само во градник и гакички, и златен аксесоар околу вратот. Нејзините облини на само оваа фотографија ги виделе преку 170 милиони следбеници.
Пред неколку месеци Ким изјави дека објавувањето на провокативни слики не му се допаѓало на нејзиниот сопруг, раперот и музички продуцент Кание Вест и дека го разбира. Таа вети дека ќе го намали бројот на вакви фотографии ама ете сепак посилно било од неа.