Треба да се следи секоја промена на кожата, а ова се главните причини за појава на ангиоми.
Кожата е најголемиот орган на нашето тело и нè штити од надворешни влијанија. Исто така, непогрешливо ќе даде знаци кога нешто не е во ред во нашиот организам. Лекарите предупредуваат за бројни штетни фактори на кои сме изложени, но исто така укажуваат на поздрав начин на живот, хидратација и заштита од сонце.
Во последно време, многу луѓе го поставија прашањето дали црвените дамки на кожата се всушност опасни и дали треба да бидеме загрижени. Овие промени во кожата се нарекуваат ангиоми и, како и младежите, тие припаѓаат на групата бенигни тумори.
Експертите и дерматолозите, за порталот “Bright Side” ги објаснија двете главни причини за ваквите промени и додадоа дека бенигните васкуларни лезии можат да се појават во форма на рамна дамка или испакнати над кожата во форма на купола, во разни нијанси на црвена боја.
1. Причина – Години
Многу луѓе добиваат ангиом по 30-годишна возраст. Како по правило, во овој случај, ангиомот изгледа како мал испакнат црвен младеж и најчесто се наоѓа на горните делови на телото, рацете и рамената. Ваквите ангиоми се предизвикани од едноставни промени поврзани староста на кожата и крвните садови.
2. Причина – здравствени проблеми или нездрав животен стил
Ако ангиомот се појави на едно место и почнува да се разгранува васкуларно, тоа може да укаже на проблеми со црниот дроб, васкуларна болест или хормонална нерамнотежа.
Ако одеднаш забележите дека црвената точка ја менува големината или обликот или почнува да крвари, најдобро е да посетите доктор што е можно поскоро. Обично ангиомите не се причина за брзање во болница, но од безбедносни причини, треба да ја споменете оваа промена во кожата на вашиот лекар кога ќе го посетите.
Исто така е добра идеја да бидете сигурни дека ангиомите не се појавуваат во иднина. Најдобрата превенција е здрав начин на живот и урамнотежена исхрана. Пијте сокови и многу вода, јадете свеж зеленчук и не заборавајте на здравите масти, како што се авокадо и маслиново масло. Овие едноставни правила ќе ви помогнат да ја одржите кожата чиста и млада и вашето тело здраво.
И, конечно, за каква било промена во телото, најдобро е да се консултирате совашиот матичен доктор. Тој ќе ве упати кај најдобрите експерти за да го решите вашиот проблем.