Група непослушни пингвини прошетаа низ пустиот Кејп Таун, Јужна Африка, откако луѓето се затворени во нивните домови поради пандемија од вирусот, пренесува Independent.
На снимката се прикажани три пингвини кои опуштено шетаат на празните улици во ова место, каде често се среќаваат пингвините.
Снимките брзо се проширија на социјалните мрежи, при што многумина посочија дека сцената ги потсети на познатиот филм „Мадагаскар“.
Во секој случај, прекрасно е да се видат овие животни кои шетаат опуштено по улиците поради пандемијата од корона вирусот.