Вие сте си најсигурниот секс партнер: Њујорк го охрабрува мастурбирањето за време на КОВИД-19

popara8 април, 20201min00
masturbacija

Здравствениот центар на Њујорк издал официјален водич за побезбеден секс за време на пандемијата од коронавирус.

“Сите Њујорчани треба да останат дома и сосема да ги намалат контактите со останатите, за да се намали и ширењето на КОВИД 19”, се вели во почетокот на прирачникот, пред да сподели и детали од различните начини на ширење на КОВИД-19 преку секс, како и објаснување на најдобрите начини за заштита.

“Ова се однесува на сексуалните работници, оралниот секс, аналниот секс, порнографијата, мастурбацијата и секс играчките- работи кои вообичаено не ги гледаме во владини комуникации, но ова не се типични времиња.”, вели Поли Родригез, сопственик на компанијата за сексуални услуги Unbound. Супер е да се види водич кој искрено ги комуницира човечките потреби и однесување кога станува збор за секс во време на карантин и социјално дистанцирање”

Една од најважните пораки е “Ти си свој најсигурен партнер”.

“Мастурбирањето нема да го рашири КОВИД-19, особено ако ги миете рацете (и сексуалните помагала) со сапун и вода барем 20 секунди пред и по сексот”, пишува во водичот. Исто така, откриено е дека мастурбирањето помага во намалување на стресот и напнатоста, а го подобрува и квалитетот на сонот, го подигува имунитетот, така што е супер моќна алатка во овие тензични времиња.

“Сите по малку полудуваме дома, а мастурбирањето може да биде супер физичко и ментално бегство од реалноста”, вели Родригез. “Оргазмите се моќни ослободувања и да го видите Њујорк како ја охрабрува оваа форма на задоволство е прекрасно”. Уште подобро за сите во самоизолација, златната ера на сексуалните помагала е конечно тука, а безбедниот контакт со вашето тело секогаш ќе биде моќна форма на грижа за себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag