Во денешно време немаме премногу време да бидеме во кујната, затоа одлучуваме за рецепти кои се приготвуваат што е можно побрзо. Како со солените јадења, така и со слатките. Но, за добра торта сме подготвени да поминеме уште некое време во кујната (а подоцна и во теретана). Но, штом еднаш ќе ја испробате оваа вкусна, брза и што е најважно, торта без печење, нема да ви бидат потребни други.
За оваа торта ви требаат:
кутија бисквити
6 банани
половина литар слатка павлака
200 грама шеќер
200 милилитри млеко
Подготовка: Исечете ги бананите на мали парчиња и додадете слатка павлака и шеќер и измешајте сè добро. Додека мешате, полека додавајте го млекото додека смесата не се претвори во фина крема. Натопете ги бисквитите во млеко и наредете ги на плех за печење. Прелијте ги со кремот, па ставете ги бисквитите повторно врз кремот и комбинирајте додека не ја добиете посакуваната висина.
Пријатно јадење!