Синот на Викторија Бекам на Инстаграм објавил фотографија со мајка му, а неговиот татко Дејвид Бекам одлучил да се пошегува на сметка на нејзините изразено бели заби.
Насмеаната и затегната дизајнерка позирала во бањарка пред огледало.
“Како се бели забите на мама? Како на Рос од Пријатели”, напишал Дејвид.
Во популарната серија Рос оди на избелување на заби, а потоа во целата епизода сите се шегуваат со неговите пребели заби.
Нивниот син Круз се пошегувал на сметка на тоа дека Викторија никогаш не се смее.
“Се чини дека мојата мајка сепак се смее”, напишал тој.
Викторија (46) е во карантин во својата вила со Дејвид и нивните три деца.
Неодамна таа се најде на удар на британската јавност бидејќи на 30 работници од нејзината компанија им најавила дека ќе им ја намали платата, во склад со предлогот на Владата на Велика Британија за справување со последиците од коронавирусот.
Освен тоа, побарала помош и од државата, додека нејзиното и богатството на Дејвид е проценето на 382 милиони евра.