
Уморни сте од сите рецепти што ги пробавте за време на карантинот? Познати sвезди редовно објавуваат нови идеи, а меѓу нив е и здравиот леб на Викторија Бекам, кој утре ќе го посакате за појадок. Поранешната пејачка, а сега модна дизајнерка е позната по својата беспрекорна линија што ја должи на тренинзите и внимателно испланираната диета.
Нејзината диета се базира на јаболков оцет, зелен смути, сад со житни култури, изматени јајца, лосос, зеленчук, грав, грашок и риба. Таа воопшто не конзумира млеко и сирење, но обожава леб од житни култури за кои сега ги сподели состојките за да можат сите што сакаат да го подготват сами. Ќе ви треба тиква, хељда, сол, сода бикарбона, семе од лен, сок од лимон, семки од тиква и сончоглед и сусам.
