Викторија и Дејвид Бекам преплавени со емоции!

popara10 јули, 20201min00
dejvid

46-годишната Викторија и нејзиниот сопруг, поранешен фудбалер Дејвид, уживаат во нивниот семеен живот со четири деца. Сепак, денес се одбележува посебен ден. Имено, нивната најмлада ќерка, Харпер Севен, денес го слави својот деветти роденден. По тој повод, Давид и посвети емоционална објава на социјалните мрежи.

„До мојата убава дама. Среќен роденден на најпосебната девојка. Тато многу те сака. Ова е нашата песна, која ја играме уште од првиот ден “, напиша тој на Инстаграм покрај видеото, што претставува компилација од фотографии и снимки на слатките моменти од животот на неговата ќерка, придружени со хитот на Мајкл Џексон во позадина – ‘The Girl is Mine’.

На сличен начин роденденот и го честита и славната мајка. Имено, Викторија исто така објави видео на Инстаграм со симпатични клипови од животот на нејзината ќерка, а во својата верзија во позадина свиреше песната ‘Isn’t She Lovely’ од Стив Вондер. ‘Среќен деветти роденден Харпер! Сите те сакаме многу! ’ – напиша таа во објавата.

Да потсетиме, парот се венчаше во 1999 година, и имаат четири деца, 21-годишниот Бруклин, 17-годишниот Ромео, 15-годишниот Круз и деветгодишната Харпер Севен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag