Висажистот на Меган Маркл открива како да се нашминкате за венчавка!

popara18 април, 20202min00
меган маркл

Додека илјадници невести низ светот ги откажале своите свадби заради пандемијата од коронавирус, долгогодишниот висажит на Меган Маркл и на многу други ѕвезди, Даниел Мартин, им ги понудил неговите врвни совети на жените кои мораат сами да се нашминкаат за својот голем ден. Одредени парови се одлучуваат да се венчаат во присуство само на кумовите, но во тој случај тие се препуштени сами на себе. Фризерските и козметичките салони не работат.

Но, со неколку трикови вашата шминка може да изгледа беспрекорно, дури и ако се шминкате сами.

“Сакате малку сјај, но не сакате да сте премногу сјајни, во што ќе ви помогне пример, основата за постојан мејк ап”, објаснил Мартин.

Потоа, со коректор покријте го црвенилото, дамките и нееднаквоста на кожата. Но, предупредува дека со коректорот не треба да претерувате, туку да го нанесувате само на места на кои е навистина потребен. Најчесто тоа се деловите околу носот и под очите.

“Ова не е време да ја покажувате вашата способност за контурирање”, предупредува висажистот и истакнува дека е најважно да се постигне впечаток на изедначен тен.

Понатаму, смета дека веѓите се рамка на лицето, па затоа треба да им посветите дополнително внимание. Сепак, пред да почнете да ги пополнувате со моливче за веѓи, тој советува да проверите дали обликот на вашите веѓи ви одговара на лицето и дали се уредно искубани. Препорачува да најдете совети за правилно обликување на веѓи на You Тube.

Исто така, неговиот омилен трик е користење на гел за веѓи, кој го нанесува со четка и тоа во спротивна насока од растењето на влакната. Откако гелот ќе се исуши вратете ги влакната на место и евентуалните дупки пополнете ги со моливче.

За да ги истакнете очите дополнително, советува користење на сенки со неутрална боја, со малку сјај и светкави честички.

“Така очите ќе изгледаат поотворени. По ова доаѓа бронзерот, кој исто така треба да го ставите и на капаците, за да може изгледот да биде заокружен и изедначен. На капаците наместо бронзер можете да ставите и малку руменило, она кое сте го ставиле на образите”, советува тој.

Освен тоа, советува за денот на венчавка да одберете водоотпорна маскара, а кога е во прашање руменилото- не претерувајте. Немојте да го ставате на делот околу носот, туку наместо тоа, со четката повлечете од образот кон увото, а бојата на руменилото треба да биде во склад со бојата на црвенилото за уста.

На крајот, советува да одберете неутрални или нежни нијанси на кармин, а како последен чекор- користете фиксатор. Така шминката нема да ви побегне од лицето, туку ќе остане трајна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag