Приказните за животот на популарната пејачка не престануваат да се појавуваат на порталите и во светскиот печат. Приказната за старателството над Бритни Спирс доби бројни теории на заговор, а сега нејзиното отсуство од договорениот настан чинеше многу.
Имено, според најновите судски документи, Бритни Спирс одбила да присуствува на настанот „The Zone“, кој е наменет за специјално организирана продажба на нејзините парфеми.
Овој договор е склучен пред неколку месеци, а менаџерот на пејачката мораше да плати обештетување во износ од еден милион долари.
„Бритни Спирс одбива да учествува во каков било деловен проект, вклучително и претходно договорено појавување во локалната продавница која и продаваше парфеми тој ден по промотивна цена. Таа не покажа ни најмал напор за исполнување на претходно потпишаните договори, што резултираше со исплата на обештетување од еден милион долари. „Таа сè уште одбива да соработува и со тоа си штети на сопственото богатство“, стои во документите што стигнаа до американските медиуми.
Меѓу другото, странските медиуми ја осудија одлуката на пејачката, тврдејќи дека ваквиот потег е само обид да се ослободи од старателството на Џејми Спирс.