Дали звездата ја напушта контраверзната религија поради својата ќерка?
Една од големите неразјаснети тајни во Холивуд е прашањето зошто глумецот Том Круз по разводот со Кети Холмс се реши да ги прекине сите контакти и врски со нивната 14 годишна ќерка Сури. Колку во таа одлука ги имала замешано своите прсти и контравезната скиентолошка црква кон која се приклони 57 годишниот Том и за која не сака да дава изјави. Дали конечно се решил да ја напушти скиентологијата како повторни би се доближил до Сури, 8 години по разводот, или тоа го прави за и неа да ја регрутира во нивните редови? Што е правата вистина?
Во јануари 2018, магазинот Стар бомбастично најави дека звездата на филмскиот серијал ”Невозможна мисија” ја напушта скиентологијата за да го поправи свјот однос со Сури. ”Ако ја сака назад, ќе мора да ја напушти црквата која претставува голем дел од неговиот живот. Тоа ќе биде најтешката одлука во неговиот живот. ” – истакна личност блиска до глумецот. Во мај минатата година се појави и веста дека Круз настојува да ја регрутира и Сури во Скиентлошката црква но дека на тоа остро се спротивставува Кети. Извори блиски до звездата открија дека Том наводно комуницира со ќерката и настојува да ја усмери кон скиентологијата. За Сури се вели дека скиентолошките поглавари ја сметаат за вистинска принцеза на која местото и е во нивните редови.
Американските медии после оваа сторија го контактирале потпаролот на Кети Холмс кој им кажал дека ништо од тоа не е точно. Секако, можно е Кети сеуште да не била спремна да признае затоа што неколку месеци подоцна магазинот ”Women’s Day” објави сторија во која се тврди дека Кети е во контакт со бившата сопруга на Том – Никол Кидман од која побарала помош за да ја спаси Сури од скиентологијата.
Каде има чад, има и оган, помислија многумина откако есента минатата година магазинот ”In Touch” напиша дека Том има намера да ја напушти скиентологијата за да може да биде со својата ќерка затоа што таа религија не дозволува челеновите да бидат блиски со луѓе кој не се нивнни следбеници, па дури и да се нивни деца. Неименуван извор потврдил дека Том видел фотографија од Сури која многу го погодила и му го сменила животот. ”Ги жртвуваше најважните работи во животот поради скиентологијата и ако ја напушта тоа ќе биде исклучиво поради својата ќерка.”
Засега ниедна од овие теории не е потврдена, а Том е сеуште високо во хиреархијата на скиентолошката црква. За правата вистина можеме само да претпоставуваме.