Внимавајте! На пиштолите за точење бензин на бензинските пумпи може да има корона!

popara8 април, 20201min00
пиштол за бензин

И покрај социјалното дистанцирање, луѓето и понатаму мораат да одат на работа, во маркет или по лекови со своите автомобили. За нив е неопходно повремено да ги посетат бензинските пумпи и да наточат бензин, при што е невозможно да избегнат контакт со пиштолот за гориво, кој може да биде расадник на вирусот кој на такви површини може да се задржи и неколку денови.

Експертите нудат неколку совети за овој проблем: носете ракавици за еднократна употреба и обавезно користете ги кога точите гориво. Можете да користите и повеќе хартиени брисачи доколку сте заборавиле ракавици. Важно е да немате директен контакт и веднаш по завршената работа фрлете се што сте користеле како заштита.

Ракавиците носете ги и за време на плаќањето, пред да ги допрете парите, апаратот за внесување пин код или просторот околу касата.

По секое користење извадете ги ракавиците и фрлете ги во отпад. Користете гел за дезинфекција за да бидете сигурни дека рацете ви се потполно чисти. Рачката за бензин пред употреба можете да ја пребришете со марамчиња за дезинфекција за да се осигурате дека вирусите нема да ги пренесете на воланот, рачките на вратите и внатрешноста на автомобилот.

Без разлика кој метод за заштита сте го одбрале, најдобар совет е секогаш да бидете подготвени за можен контакт со предмети кои и други ги допирале, бидејќи рацете не можат да се измијат со вода и сапун на секоја пумпа.

Вработените на бензинските пумпи прават сè што е во нивна моќ да ги заштитат посетителите од можно пренесување на заразата, чистат и дезинфицираат површини, но тоа не значи дека треба да се опуштиме.

Повторуваме, дезинфицирајте сè што допирате и потоа добро измијте ги рацете!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag