Бенџамин бил пронајден мртов со прострелна рана во градите.
Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоубил во неговата вила во Калабасас.
Бенџамин бил пронајден мртов со прострелна рана во градите.
Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но дека точните околности не се јасни во моментот.
Кио беше син на Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Пресли.
– Лиза Мари е скршена, Бенџамин беше центарот на нејзиниот свет. Таа го обожаваше. Таа се обидува да остане силна заради нејзината ќерка и близнаци – кратко соопшти семејството.
Лиза Мари заедно со Дани ја доби ќерка Рајли (31) и Бенџамин, на кого и ја посвети песната „Бура и благодат“.
Во брак со музичкиот продуцент Мајкл Локвуд, таа ги доби единаесетгодишните близнаци Харпер и Финли, а тие се разведоа во 2016та година. лушнете ја песната што Мари му ја посвети на Бенџамин: