Дејвид и Викторија Бекам со своите деца за време на пандемијата се преселиле во Котсволдс, село во Англија, а локалното население едноставно не се воодушевени од нив и од нивното однесување.
Бекамови и овие други „фенси“ луѓе кои сметаат дека е добра идеја да се изолираат во селото, се само себични – изјавила една жена која работи во локална месарница во близина на куќата на Бекам. – Тие ја споделуваат својата прекрасна вила на социјалните мрежи и ни кажуваат како одлично си поминуваат. Бекамови и другите ѕвезди се однесуваат глупаво, неодговорно и бесчувствително.
Населението истакна дека славното семејство ќе мора да си почека во редот надвор од продавницата и нема да има привилегија пред постарите жители на Котсволдс.
Семејството Бекам, сепак го посетува овој имот почесто отколку останатите ѕвезди, но тие никогаш не споделиле толку многу фотографии и снимки од Котсволдс како деновиве, така што видовме како Дејвид џогира, како Викторија игра со ќерката Харпер…